Промената на имињата на двете основно училишта во Чаир, „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ во „Исмаил Ќемали и „Имри Елези“ речиси е запоставена од надлежните институции. Последниот одговор за судбината на новите имиња дојде лани од Централен регистар, институција која се огради од сите обвиненија дека таа ги кочи новите имиња. Од оваа институција писмено изјавија за Алсат дека веќе три години ниту една од надлежните институции не изразила интерес за да дознае повеќе каде застанала започнатата постапка за промена на имињата на овие училишта. Од таму објаснуваат дека постапката била завршена кога Комисијата за поплаки во 2016 година ја усвоила жалбата на поранешниот заменик-министер за образование, Спиро Ристовски за укинување на одлуката на поранешниот министер за образование, Абдулаќим Адеми со која тој даде зелено светло на промената на имињата за овие две училишта во Чаир.

И покрај двегодишниот молк и фактичката состојба, за општина Чаир, прашањето на имињата на училишта е свршен чин. Од таму не кажуваат дали ја актуализирале иницијативата додека Алсат дознава дека директорите на овие училиште не обновиле никаков документ за повторно почнување на постапка за промена на имињата.

„Оваа работа ја сметаме за завршена, затоа што советот на училиштето ја изрази својата волја. Исто така, и советот на општина Чаир во тој период дал одобрение за овие училишни имиња. Се разбира дека ние сме на располагање на Министерството за образование и наука, со цел ова прашање да се реши што е можно побрзо“-изјави Куштрим Ала, портпарол на општина Чаир.

Се огради и министерот Арбер Адеми. Адеми вели дека од Општината во Министерството за образование не стигнало никакво барање за промена на имињата на горенаведените училишта.

Доколку стигне такво барање до кај нас сигурно дека таквото нешто ќе го добие моето одобрение. Сум контактирал со градоначалникот и останало да се разгледа можноста за регистрирање на тие статути кои веќе неколку години се наоѓаат во канцелариите на Централен регистар, исто така сме разговарале и за други модалитети во насока на заокружување на ова прашање без да политизираме“-рече Арбер Адеми, министер за образование.

„На влезовите на училиштата и понатаму се неофицијалните имиња, односно „Исмаил Ќемали„ и „Имри Елези“. Во меѓувреме, во секоја службена комуникација на училиштата со другите институции се користат старите имиња, „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...