Остануваат длабоките разлики во ДУИ во однос на трансформирањето на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Вицепремиерот Хазби Лика и понатаму бара соработка во врска со трансформирањето на секретаријатот, додавајќи дека не е известен кога ДУИ донел таква одлука.

Лика призна дека трасформирањето е дел од заедничката декларација на албанските партии, но нагласи дека Охридскиот договор требало да се спроведе до 2004 година. Лика ги даде овие коментари додека нацрт-законот за трансформирање на секретаријатот го помина првиот филтер во Собранието.

„Конкретен пример е правичната застапеност и мислам дека ова не треба да се сфаќа како игра или како нешто лесно што може да се надмине така лесно. Немам конкретно мислење за законот. Законот би можел да биде подобар бидејќи поминаа околу 17 години откако беше постигнат договорот. Знаеме дека крајниот рок беше четири години за да се спроведе, но и досега не е имплементиран“, рече Лика.

А, запрашан дали на министерската функција во новиот ресор повторно за прв човек ќе биде назначен Хазби Лика, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи истакна дека партијата треба да разговара за ова прашање.

„Партијата ќе процени како понатаму. Важно е законот да се донесе и Секретаријатот да се зајакне. Сакам да демантирам дека Секретаријатот ќе згасне. Всушност од координативна служба се претвора во извршно тело кое може да предлага закони и да има тела со цел да се обезбеди спроведување на Охридскиот договор“, изјави вицепремиерот Османи.

За разлика од Хазби Лика, неговиот сопартиец Артан Груби нагласува дека Охридскиот договор е спроведен повеќе од предвиденото.

„По завршувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор стигнавме до ново ниво на развој на нашето општество. Ние сметаме дека Охридскиот договор ги надмина законските прописи кои произлегуваат од него и сега мораме да работиме на примената“, рече Артан Груби – пратеник на ДУИ.

Пратениците од другите етнички заедници побараа објаснување за терминот “односи меѓу заедниците”, критикувајќи ја работата на Секретаријатот дека не се залага за правична и соодветна застапеност на другите заедници.

„За кои заедници се зборува? За етничка, верска, за ЛГБТ заедница или за друга заедница?! Тука не е прецизирано“, рече Енес Ибрахим, пратеник на ТЛП.

Вицепремиерот Лика е против трансформирањето на секретаријатот, само еден ден пред предлог-законот да го помине првото читање. Според него, трансформирањето го потценува Охридскиот договор, додавајќи дека неговите забелешки ги упатил и до Али Ахмети, на како што рече, задоцнет состанок.

Ставот на Хазби Лика го поддржаа голем број поранешни борци на ОНА кои побараа секретаријатот да не се укинува, но од ДУИ информираат ваквиот процес бил дел од нивната партиска изборна програма, од програмата на Владата, но и од заедничката декларација на албанските партии.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...