И покрај поплаките на граѓаните и одлуката на Владата дека маркеттие и пазарите не треба да ја злоупотребуваат состојбата и да ги качуваат цените на најбараните производи во овој период, тие и денеска останаа високи. Лимонот на пазар се продава за 150 денари, а низ маркетите до 185. Граѓаните бараат државата да преземе конкретни мерки:

„Искрено, слушнав дека овие јужни овошја ќе се стабилизираат, но гледам и по маркетите и на пазарите, 170 денари е килограм, а тука под 140 нема. Другите се во ред, само лимонот е поскап“…

„120 денари, 150 денари лимон, со што да се купува?“, реагираат потрошувачите.

И покрај тоа што не сакаа да зборуваат пред камера, многу трговци велат дека виновни за зголемување на цената се дистрибутерите. Според трговците, на големо еден килограм лимон чини околу 135 денари. Но, граѓаните велат дека на пазарите повисоки цени има и за сите други производи.

Сепак, денес има помал проток на граѓани во супермаркетите во однос на првите денови кога започнаа мерките против вирусот. Повеќето продажни места го почитуваат чекањето надвор од продавницата. Но, граѓаните и понатаму се жалат дека никаде не може да најдат маски и ракавици. Онаму пак, каде што ги има, имале десет пати повисоки цени.

Бараме на сите места каде што има аптеки, но нема“.

По која цена видовте маски?

30 денари, дојди да влеземе, не те лажам, 30 денари. Беа 3 денари, сега под 30 денари нема“, реагираат купувачите.

Во многу аптеки и маркети ни кажаа дека маски и ракавици нема и оти чекаат да добијат наскоро.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...