Прогласена е епидемија на мали сипаници низ целава земја. Оваа денешна одлука на Комисијата за заразни болести доаѓа откако бројот на заразени досега достигна  961 лице во 20 градови. Како резултат на тоа, се забрануваат посети во сите болници, невакцинирани деца не смеат да се примаат во градинките, а сите здравствени работници кои немаат примено две дози, мора да се вакцинираат.

Истото важи и за студентите и учениците по медицина кои одат на пракса по клиничките болници, како и вработените во градинките.

За учениците нема да има вакви забрани бидејќи образовниот процес е задолжителен, додека бројот на вакцинирани деца на училишна возраст е задоволителен.

Седум од хоспитализираните деца се во критична состојба и имаат сериозни здравствени компликации.

Од почетокот на епидемијата, вакцинирани се околу 20.000 лица, претежно деца, а 11.000 од нив се во Скопје. Епидемијата на мали сипаници за првпат беше прогласена во населбата Радишани во скопската општина Бутел, а потоа се прошири низ Скопје за да достигне и на државно ниво. Како резултат на компликациите предизвикани од оваа заразна болест, три деца починаа, додека три бремени жени ги загубија своите плодови на кои им била констатирана болеста.

Вјолца Алити

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...