Обвинетите познати како  „Окото на народот“ беа прогласени за виновни од Основниот суд во Приштина и добија казна затвор. Авни Луменица беше осуден  на 12 години затвор, Садри Рамабаја на 5 години затвор, , Рагип Салова на 4 години, Халим Халими, Бајруш Коњуша на по 3 години, а  Реџеп Топлана и Беџет Лужа на по 2 години затвор. За Мурат Јашари, Судот одлучи да го испрати на 10-годишен престој во психијатриска болница.

Роднините на Лумица го обвинуваат косовскиот претседател Тачи и поранешниот претседател на Собранието, Весели дека влијаеле на процесот.

“Не знам што мислат Кадри Весели и Хашим Тачи. Тие му го сторија тоа затоа што дојдоа овде и сведочеа самостојно”-изјави

Мевлуде Лумница, сестра на Авни Лумница.

Сопругата на Рамабаја и неговиот адвокат рекоа дека е осуден без докази и дека процесот го спровел кланот „Пронто“.

“Уште еднаш, кланот „Пронто“ го спроведе својот план за борба против Движењето Самоопределување преку Садри Рамабаја”-рече Фатиме Рамабаја, сопруга на Садри Рамабаја.

 “Мислам и повторно ќе речам дека ова е влијание на кланот „Пронто“, кланот „Пронто“ ја стори оваа работа со единствена цел да го казни Садри Рамабаја”-изјави Рамиз Красниќи, адвокат на Садри Рамабаја.

Одбраната на Мурат Јашари, рече дека одлуката за нејзиниот клиент е во спротивност со мислењето на швајцарските и косовските експерти.

“Сметам дека ова е многу сериозна мерка , го оптеретува и Институтот за судска психијатрија, бидејќи капацитетот на креветите за пациентите што ќе сторат кривично дело е мал таму”-рече Фехмие Гаши-Битиќи, адвокат на Мурат Јашари.

Името на организацијата „Окото на народот“ стана познато на 12 март 2017 година, кога во раните утрински часови, Мурат Јашари, политички активист од 90-тите години, се обиде да го убие адвокатот Азем Власи. Според обвинението, тие планирале напади и атентати врз високи државни функционери, кои ги сметале за предавници на земјата. Во овој случај сведочеа и Хашим Тачи, Кадри Весли, Џавит Халити и други.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...