Поради зголемувањето на бројот на заболени во Струга е прогласено епидемија на морбили, информираа денеска од регионалниот Центар за јавно здравје во Охрид. Бројот на заболени во Струга засега е 24 лица, меѓу кои има и седум здравствени работници. Здравствените власти очекуваат и нови случаи, па препорачуваат засилена дезинфекција и контрола во училиштата и градинките во градот.

Сите заболени се во стабилна здравствена состојба. Во меѓувреме, морбили се појавија и во Дебар каде во моментов има 18 евидентирани и до петок ќе се знае дали и таму ќе биде прогласена епидемија. Во Охрид официјално има тројца заболени.

„Прогласувањето на епидемијата е еден апел до родителите, но и мој личен апел до родителите да ги вакцинираат своите деца според вакциналниот календар. Многу често лицата кои привремено престојуваат во странство при враќањето што е многу често на територијата во Струга, патуваат во Италија и другите земји и престојуваат по два три месеци, кога ќе се вратат назад не се јавуваат во вакциналните пунктови за да продолжат со вакцинација на своите деца“, рече Јованка Коровешоска-Центар за јавно здравје Охрид.

Loading...

Shpërndaj me