Мора да помине цела деценија за училниците преполнети со ученици да останат во историјата, а новите да бројат најмногу до 30 ученици, како што предвидува новиот закон за основно образование, велат наставниците. До тогаш, многу основни училишта ќе се соочуваат со големи потешкотии во одржувањето на наставниот процес затоа што во одредени училници бројот на ученици достигнува и над 37 ученици. Во училиштето „Петар Здравковски-Пенко“ во општина Бутел, најпроблематични се шестите одделенија. Според директорот, Енис Мемети, приемот на нови ученици е резултат на доселувањето на нови семејства во близина на наведеното училиште.

„Училниците имаат повеќе ученици затоа што учениците што живеат во близина на училиштето се доселуваат кај нашето училиште, од општина Чаир. Ова е причината зошто има проблем со голем број ученици во училиштето Пенко. Инаку, ако ги земеме само од општина Бутел, ние го немаме тој проблем, но нехумано е да го оставиме незапишано детето кое живее на 10 метри од училиштето и да оди два или три километри подалеку во други училишта“-изјави Енис Мемети, директор на ОУ „Пенко“.

Слична е ситуацијата во основното училиште „26 јули“ на Општината Шуто Оризари. Според психологот, запишувањето на нови ученици во различни паралелки се случува и во овој момент како резултат на недостаток на училишен објект во населбата Визбегово.

„Бројот, можам да кажам, сè уште не е конечен затоа што имаме од другите училишта, од другите места кои се населуваат во општина Шуто Оризари, Визбегово. Во моментов имаме 184 ученици од прво одделение кои формираат 6 паралелки. Според новиот закон сега, една паралелка има минимум 20 ученици, максимум 30 ученици додека ние имаме повеќе. Имаме многу тешкотии поради тоа што имаме недостиг на училници, голем број ученици во паралелките“-рече Ѓукмен Исмаил, ОУ „26 Јули“.

Претставниците на овие две училишта велат дека од Министерството за образование добиле согласност да се отворат нови паралелки во прво одделение, но не и нови училници без разлика што бројот на ученици достигнува дури 40. Двете наведени училишта имаат рекорден број ученици затоа што таму учат деца од различни општини, како Бутел, Чаир, Шуто Оризари и Карпош.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...