Училиштата во земјава повторно ги отворија вратите за учениците кои ова полугодие повторно ќе го започнат со недостиг на многу учебници. Пред извесно време од Министерството за образование информираа дека распределбата на учебниците ќе започне оваа недела.

Но, вакви ветувања беа давани и во првите четири месеци од учебната година, меѓутоа скоро сите основни училишта во земјава првото полугодие го завршија со недостиг на дел од учебниците. Директорите велат дека сè уште не биле контактирани од Министерството за образование за да се надмине проблемот.

„Што се однесува до учебниците, во нашето училиште недостасуваат учебници, но засега немаме никаков допис или некаква информација за дистрибуцијата на учебниците кои се потребни во нашето училиште”, рече Теута Идризи – директор на О.У. „Лирија”.

Директорот на Основното училиште „Исмаил Ќемали“ вели дека дистрибуцијата на учебниците во Општина Чаир започнала. Сепак, дури и во ова училиште, второто полугодие почна во недостиг на учебници.

„Во нашата општина започна, од вчера добивме информација дека учебниците ќе бидат дистрибуирани за предметите што недостасуваат. Обезбедивме список на учебници кои недостасуваат за секој предмет. Немаме многу учебници кои недостасуваат, па дистрибуцијата на учебниците каде што недостасуваат ќе започне утре”, изјави Бурбуче Имери – директор на О.У. „Исмаил Ќемали“.

Враќањето на учениците предизвика стравувања дека може да се зголеми бројот на заболени од сезонскиот грип. Директорите на училиштата велат дека засега нема значителни отсуства. Сепак, има и ученици кои останале дома поради грипот, но ситуацијата засега велат – не е алармантна и оти ги преземаат сите превентивни мерки за да се спречи ширење на грипот.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...