Доцнењата во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците и во основањето на инспекторатот кој ќе биде надлежен за следење на неговата употреба, доведе до ситуација тој целосно да зависи од волјата на институциите. Во отсуство на вистински инспектори, вицепремиерот Бујар Османи во видео-материјал што си го објави самиот тој, придружуван од директорот на Агенцијата за спроведување на законот, Илбер Села, кружеа низ Скопје и застануваа на влезовите на институциите за да ја утврдат состојбата. Во едне момент Османи се слуша како контактира со Агенцијата за администрација за да праша зошто влезната табла не е напишана и на  албански јазик.

„Сакав да ве прашам, бидејќи сум тука пред институцијата и гледам дека таблата е само на еден јазик. Каков ви е планот за промена?“-рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Османи, како вицепремиер, нема надлежност да врши инспекција, ниту да казнува институции кои не го спроведувата законот. Таква надлежност нема ниту Агенцијата, која е формирана за да ги поддржува институциите преку обезбедување превод на потребните материјали. Законот за употреба на јазиците, кој стапи во сила во јануари оваа година, предвидува дека во рок од шест месеци од неговото донесување, институциите  треба обезбедат натписи, печати и други документи за граѓаните во двата јазици. Алсат провери некои од нив и речиси сите го пробиле рокот. Владата почна да користи двојазични печати пред само неколку недели, а Собранието од минатиот четврток. Секретаријатот со кого раководи Османи има печати и на албански јазик, но не и Министерството за финансии. Сè уште ниту еден материјал што се наоѓа на веб-страницата на Собранието го нема новиот печат. Претседателот на Парламентот во изјава за Алсат призна дека има определени доцнења. Но, тие се случувале поради одредени процедури кои се водени паралелно со промената на името на институцијата по промената на името на државата и спроведувањето на Законот за јазиците. Натписот на главниот влез на два јазика во Собранието е во постапка на јавна набавка, а на страничниот влез има табла и на албански јазик.

„Од аспект на печатите, во петокот на 13-ти ги потпишав сите придружни акти и како потписник на Парламентот пред претходните институции и се депонирани во Централниот регистар и во сите други инстанци со кои работи и има обврска Парламентот да изврши измена на целата постапка. Во процес на изработка се протоколите за работата на Парламентот, за да можат и насловите на Парламентот да бидат на двата јазика. Мислам дека сега веќе, во суштина, прашањето на употребата на јазиците е поставено на потребното ниво“-изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

Џафери информира и дека законот за основање на Инспекторат за спроведување на законот за јазиците е во собраниска постапка и се очекува за конечно гласање да биде ставен на дневен ред до 7 октомври. Дотогаш, спроведувањето на законот за јазиците ќе зависи од волјата на институциите немајќи механизми за глоби.

„Се остава на секој носител на институција да го спроведува законот. Прашањето за контролата не е обврска за која треба да размислуваат институциите. Институциите мора да го спроведуваат законот без разлика дали има или нема инспектори. Тие треба да го применат законот. Периодот на отсуство на инспекторатот, можеби некој го користи овој простор за да не ја спроведе целосно законската норма поради фактот дека казнените мерки предвидени со законот за употреба на јазиците не можат да се спроведат затоа што соодветната институција или единствениот инструмент за надзор е инспекторатот, како што е регулирано со законот за јазици”-рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Албанологот Ајтене Ќамили го оцени како позитивен фактот дека некои институции веќе ги смениле натписите и печатите, но истакнува дека некои од нив одбиваат да го сторат тоа. Решението, според неа, ќе биде воспоставување и функционирање на инспекторат за спроведување на законот.

„Потребно е и Инспекторатот да се формира што побргу бидејќи надлежноста му припаѓа на Инспекторатот да врши следење и набљудување на терен на институциите кои не го спроведуваат Законот за јазиците и тие имаат право, значи Инспекторатот е тој што ги одредува глобите за институциите за да ги казнуват институциите кои не прифаќаат да ги направат овие измени на законот“-изјави Ајтене Ќамили, албанолог.

Законот за употреба на јазиците беше повторно донесен и стапи во сила во јануари 2019 година, една година по првото усвојување кога тогашниот претседателот, Ѓорге Иванов, одби да го потпише указот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...