Властите во Приштина предупредија дека за два месеца би можело да воведат такса од 100 насто на производи од Албанија, ако Тирана не ги отстрани препреките за извоз на косовско брашно, пиво и компир, пренесува „Спутник“ повикувајќи се на медиуми од Приштина.

Ваквиот развој на состојбите следува по неуспешниот состанок на претставници од Тирана и од Приштина на кој двете страни не успеаја да се договорат околу начинот за надминување на проблемите поврзани со извозот на трите косовски производи во Албанија.

Проблемот во трговските односи меѓу двете земји се случува откако Приштина ги отстрани сите препреки околу увозот од Албанија на Косово, додека албанската страна сѐ уште ја нема исполнето својата обврска од тој договор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...