Австралиски турист заработил крвави подливи по грбот откако прифатил „посебна“ масажа за време на неговиот престој на островот Бали, пренесува The Sun.

Метју Рејсон, кој заедно со неговата сопруга бил на одмор на Бали, го прифатил предлогот од масерот кој го прашал дали со масажа сака од него да го извади „црвенот змеј“. Техниката се викала гуа-ша, а се исвршувала со помош на монета. Туристот помслил дека станува збор за техника за релаксација, па го прифатил предлогот на терапевтот.

Кога се разбудил следниот ден, неговиот грб бил целиот со црвени крвави подливи и модринки.

Брачниот пар целата работа ја прифатил како забава, но нагласува дека болките во грбот, коишто ги имал полни три години, после третманот не се повториле.

Shpërndaj me