Принцот Хари и Меган Маркл сега се војводата и војвотката од Сасекс. Иако ги добија овие титули, тие зад затворените врати се истите Хари и Меган.

И додека сите знаеме дека Хари ја вика својата сопруга Мег, поранешната ѕвезда на серијата Suits на венчавката откри дека на Хари му се обраќа со зборовите „Мој принцу“.

Но по се изгледа дека војводата има уште еден прекар кој го добил од пријателка на Меган и според американските медиуми, Хари не е воопшо среќен поради тоа.

Пријателката на Меган, Бајрони Гордон, на Хари му го дала прекарот Хаза, што според принцот звучи како име за домашно милениче.

 

Shpërndaj me