За да има владеење на правото, потребно е добро управување и независни политичари кои се подготвени да спроведат реформи. Ова е пораката која правниот експерт од Европската Комисија, Рајнхард Прибе ја испрати на меѓународната научна конференција за добро управување и владеењето на правото. Прибе одби да ги коментира актуелните политички случувања во државата, но во својот говор потенцира дека иако правниот систем е воспоставен за да има независно судство, некогаш има и проблеми.

„Некогаш ви се потребни промени во законодавството и за тоа ви се потребни политичари. Политичари кои се независни, кои ќе направат соодветни реформи и ќе има политичка воља“, рече Прибе.

„Земете ги добрите примери и бидете свесни дека има поврзаност помеѓу владеењето на правото и функционирање на демократијата. Не можете да имате добро управување без владеење на правото, а не можете да имате ниту добро владеење на правото, без добро управување, тие се поврзани“, додава тој.

Академик Владо Камбовски, пак, пораките за владеењето на правото ги поврза со актуелната состојба со специјалното јавно обвинителство. Тој им порача на политичарите уште веднаш да изберат нов обвинител на местото на Катица Јанева.

„Доколу собранието не го усвои законот за обвинитлеството до 15 септември кога завршува мандатот на поранешниот специјален обвинител, останува на сила законот за специјалното обвинителство. Тоа значи дека процедурата за избор на нов обвинител треба да започне веднаш“, рече Камбовски.

На конференцијата учествуваа повеќе странски и домашни професори како Флоријан Бибер, Беса Арифи, академик Абдулменаф Беџети, како и вицепремиерот Бујар Османи кој порача дека владеењето на правото е фундаментално започнување на преговорите со Европската унија и додаде дека е сигурен оти октомври ќе биде историски за Северна Македонија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...