Тотенхем игра катастрофално оваа сезона, а синоќешниот дебакл против Баерн среде Лондон (2:7) ја прелеа чашата на незадоволството.

Се шпекулира дека односите во екипата не се добри, а една од главните причини за тоа е раздор помеѓу играчите, бидејќи, наводно Јан Вертонген спие со сопругата на Кристијан Ериксен, Сабрина Квист!

Аферата се проширува и низ друштвените мрежи, но официјална потврда сѐ уште нема. Сѐ погласно се зборува дека таквите наводи се манифестираат и врз формата на двајцата играчи. Масло на огнот долеа и изјавата на некогашниот нивни соиграч, Киран Типије, кој рече дека во тимот се случува вистинска драма и оти за тоа не сака да зборува.

Ова не би бил прв скандал во Англија. Веќе е познат случајот на Рајан Гигс, кој со години спиел со сопругата на својот брат, како и аферата на Вејн Бриџ, чија сопруга се гледаше со другата легенда на Челзи, Џон Тери.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...