Странските инвеститори во земјава со низа забелешки до претседателот Стево Пендаровски за проблемите со кој соочуваат. Нефункционалост помеѓу институциите, сива економија и невладеење на правото, се клучните забелешки на инвеститорите за кои побараа помош од Претседателот.

„Она што компаниите, странски инвеститори, но и домашните компании во последно време го посочуваат како прашање за кое што треба и бизнисот да разговара е прашањато за владеење на правото како инператив за водење на бизнис“, велат странски инвеститори.

Претседателот изрази поддршка на стопанствениците и потсети дека неговиот економски тим е комплетиран и може да ги достават сите нивни предлози и сугестии.

„Наскоро стануваме и членка на НАТО, а тоа значи дека перцепцијава за земјава нагло ќе се смени, ќе се зголеми довербата кај инвеститорите зашто ќе не гледаат како предвидлива дестинација за вложување“, рече Стево Пендаровски претседател на РСМ.

‘Рбетот на економијата се домашните фирми, па затоа е неопходна соработката со домашните компании, посочи претседателот на Советот, Штефан Петер.

„Ние сакаме да сме глас на економијата, сакаме да привлечеме повеќе странски ивеститори со тоа што ќе ги поедноставиме правилата, и ќе ја зголемиме предвидливоста на водењето бизниси во државата. Исто така, промовираме корпоративно владење и етичко работење, сегменти кои тука понекогаш недостасуваат“, рече Штефан Петер, претседател на совет на странски инвеститори.

Советот на странски инвеститори го сочинуваат 130 компании со околу 50.000 вработени. Ова е прва средба помеѓу претседателот Пендаровски и претставници на Советот.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...