Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, едногласно е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок кој се одржува во Атина, Република Грција.

Едногласниот избор на г-дин Марко Бислимоски за оваа исклучително важна функција која ќе ја извршува во следните две години, претставува и признание за лидерската улога на Регулаторната комисија за енергетика во реформите во енергетскиот сектор во рамки на Енергетската заедница.

Претседавањето со Одборот на регулатори на Енергетската заедница од страна на г-дин Марко Бислимоски ќе овозможи уште повеќе да се зајакне улогата на Регулаторната комисија за енергетика како една од носечките институции во енергетските реформи во регионот.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...