Во третиот квартал од ланската година се зголемил бруто надворешниот долг на Македонија за една милијарда евра во споредба со нивото кое долгот го имал последните месеци од 2017-та година. Податоците на Народната банка велат дека надворешниот долг во третото тромесечие од ланската година достигнал 8,4 милијарди евра или без малку 80 отсто од проектираниот Бруто-домашен производ. Народната банка во својот извештај објави и дека во истиот анализиран период се зголемил и јавниот, но и приватниот надворешен долг. Извештајот покажува дека на квартално ниво надворешниот долг се намалил за 26 милиони евра.

НБРМ

„Во споредба со крајот на 2017 година бруто надворешниот долг е повисок за околу една милијарда евра при истовремено зголемување на јавниот и приватниот надворешен долг за 524 односно 503 милиони евра…“

Пред околу една недела, министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека јавниот долг е ставен под контрола. Во 2018 според Тевдовски бил направен сет од десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии. Министерот потсети и дека во 2018-та се издаде 30-годишна обврзница, како и  еврообврзница со најниска ниска каматна стапка од 2,75%. Но, така не мисли и опозицијата. Од „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека власта неосновано без да покаже за што ги троши позајмените пари  се задолжува на домашен терен, но и кај меѓународните кредитори.

Иле Петревски

 

Loading...

Shpërndaj me