Премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн соопшти дека во масовните престрелки во две џамии во градот Крајстчрч загинале 40 луѓе.

Претходно полицијата соопшти дека има многу жртви во масовната престрелка и оти најмалку 4 лица се приведени. Во соопштението се предупредуваат граѓаните да останат во своите домови и да не посетуваат џамии каде било на Нов Зеланд. Според полицијата, засега не е познато дали имало и други луѓе вмешани во престрелката во овој град со околу 375 илјади жители.

На неколку места во градот биле најдени импровизирани експлозивни направи.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...