Наколец е едно од малкуте населени места во Преспанскиот регион каде мнозинството жители се Албанци. Од Ресен до овде се стигнува за дваесеттина минути. Но веќе скоро една година дел од регионалниот пат кој води и до границата со Грција, во непосредна близина на влезот од селото е оштетен, а има и одрони. И покрај ветувањата кои ги добиле од надлежните дека проблемот ќе биде решен од тоа засега нема ништо. Поради тоа сега користат алтернативен неасфалтиран пат.

Овој пат поврзува четири села населени со Македонци и Албанци. Но, ние не го гледаме тоа Албанци, Македонци. Целиот регион е многу населен и цело лето во овој дел на село Наколец, па и за Љубојно каде се одржува прослава за празникот Илинден каде околу 5.000 возила беа принудени да заобиколуваат поради оштетениот пат“, рече Г’зим Сулејмани- претседател на месна заедница.

Како прво, ова место не е чепнато, ниту од државата, ниту од општината. Училиштето како што рековте и вие има само три ученици. Се занимаваме со земјоделие, а проблем имаме со јаболката. Што се однесува на патот тој е многу опасен. Од тука, па 150 метри натаму има пукнатини на ридот горе и тој е опасен за луѓето кои поминуваат со возила овде“, вели Митат Шерифи- жител на Наколец.

Жителите велат дека последните години во Наколец државата не заковала ниту една шајка.

Ниту патот кој води долу до Преспанското езеро не е асфалтиран иако од овде до долу има само 500 метри. Жителите на Наколец се револтирани бидејќи велат дека државата не води грижа за ова населено место иако имаат одлични услови и за развој на туризмот.

И од државата нема грижа за ова место како што треба. Како што гледате и самите се е оставено….Туризмот исто така е многу слаб, а овде треба да врие од туристи, езерото ни е на само еден чекор“, вели Назим Ајро жител на Наколец.

Преспа е пропадната. Преспа изумира. Млади нема, никој не сака да работи земја, се е заминато. Нема услови. Ако има заработка секој би сакал да работи. Ништо се гради, ништо не се прави“, додава Борче Ѓеорѓиевски- жител на Наколец.

И основото училиште Димитар Влахов полека пропаѓа. Од некогаш бројно со ученици, денес во него учат само тројца ученици од прво до четврто одделение. Од општина Ресен велат дека вложувањата во патишта и други капитални проекти се еден од главните приоритети, но признаваат дека инфраструктурата во целиот регион е во лоша состојба.

Регионалниот пат има проблем, но според информации од Министерството за транспорт и врски се очекува во скоро време да започне и санацијата на тој дел од регионалниот пат“, рече Ружица Переска- општина Ресен.

Дополнителен проблем е што целиот овој регион демографски се празни. Остануваат постарите лица, а младите или заминуваат во Ресен и Битола или пак, во странство.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...