Царинската управа со онлајн калкулатор ќе им помага на граѓаните да пресметаат колку ќе изнесува царината при увоз на автомобил според новиот закон. Со калкулаторот ќе може точно да се пресмета колку ќе изнесува висната на данокот според CO2 односно колку јаглерод диоксид испушта возилото. Од Царината очекуваат со оваа онлајн алатка да се запрат шпекулативните пресметки кои ги довеле во заблуда увозниците и купувачите на автомобили.

Новиот данок ги крена на протест и увозниците, кои вчера побараа итно враќање на стариот закон. Од Царината рекоа дека на средбата со нив ги надминале дилемите околу примената на Законот.

„На средбата со увозниците на автомобили беше заклучено дека во делот на начинот на пресметка, сѐ уште во јавноста кружат шпекулативни пресметки, кои во многу случаи ги доведуваат и увозниците и купувачите во заблуда, при што граѓаните се во дилема колку давачки треба да се платат за возилата. Беше предложено да се организира директно презентирање на законските одредби пред увозниците по региони и да се расчистат дилемите со кои се соочуваат во моментот“, велат од Царинската управа.

Денеска увозниците на автомобили останаа недостапни да кажат дали ќе продолжат со протестите и што договориле на средбата со Царинската управа. Ако се направи пресметка на  калкулаторот објавен на царинскиот сајт за автомобил во вредност од 3900 евра, со емисија на CO2 од 142 грама, ќе се плати данок во висина од  231 евра или 14.200 денари. За истиот автомобил со стариот закон ќе требаше да се плати само 18,9 евра или 1.162 денари. Ако емисијата на јаглерод диоксид е повисока, и данокот ќе биде повисок. Законот стапи на сила на почетокот на оваа година, а властите новото даночење го правдаше како мерка во борба со загаденоста.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...