Граничниот премин кај Табановцe од денес ќе биде заедничка контролна точка меѓу Северна Македонија и Србија. Премиерите на двете земји од блиску видоа како се одвива заедничката контрола на граничната полиција и цариниците. Проектот се  нарекува „one stop shop“.

Премиерката на Србија наведе дека економските односи меѓу двете земји се на највисоко можно ниво, па само во 2018 година размената на стоки и услуги надминала милијарда евра.

„Овој договор е укинување на бариерите меѓу соседите и денешната порака е дека другите земји од регионот да го следат овој образец во време кога се соочуваме со многу предизвици. Покрај побрзиот транзит на граѓани, полесниот транспорт на стоки, ќе има придобивки и од сферата на туризмот. На овој начин заеднички ќе ја зголемиме конкуренцијата со другите региони-“изјави Ана Брнабиќ, Премиерка на Србија

А, двајцата премиери ги згаснаа надежите дека некогаш ќе бид еотворен долгонајавуваниот премин Лојане – Миратовац. Според Брнабиќ, ваквата одлука немало врска со политиката или со фактот дека областа е населена со Албанци, но проектот бил економски неисплатлив.

„Знам дека постои потреба за жителите од тој регион, но од констатациите на работните групи за ова прашање ќе видиме во иднина дали ќе има логика да се отвори овој граничен премин. Тоа е прашање на ресурсите, времето. Не постои политичка дилема или некое дискутабилно прашање кое го избегнуваме, туку формиравме работни групи да дадат оценка за овој граничен премин кој е само 17 км од државната граница Табановце – Прешево, но во моментов тоа не е наш приоритет.“-рече Ана Брнабиќ, Премиерка на Србија

За да поминат само 300 метри воздушна линија, жителите од овој регион од наша страна треба да поминат дури 50 км, додека од српска – 17 км за да стигнат до другата страна.

Инаку, за време на посетата на Брнабиќ потпишани беа три договори за соработка помеѓу двете влади. Министрите за администрација, министрите за земјоделство и царините склучија договори за електронско управување со документите на граѓаните, фитосанитарна соработка во однос на храната и ветеринарството и соработка за олеснување на царинските бариери.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...