Неизвесен е ребалансот на буџетот. По измината половина година министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека се анализира состојбата и дека ако има потреба, би се прекроила државната каса. Вели и дека засега се е во ред.

„Приходите во Буџетот се согласно планираното. Ние имаме одлична наплата и тоа значи дека Буџетот може да обезбеди реализација на сите расходи кои се во него односно  кои се изгласани од Собранието на Република Северна Македонија“, рече Тевдовски.

Можноста да кажат дека добро и оди на економијата ја искористија министерот за транспорт Горан Сугаревски и директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов. И двајцата изнесоа огромни бројки за реализација на капиталните инвестиции.

„Сериозно подобрување на капиталните инвестиции, зборувам за крупните. Имаме ситуација како гасификацијата во првите четири месеци е како целата година лани. Над 400 милиони денари…“, рече Сугаревски.

„Во 2018 споредено со прв квартал 2019 година имаме како Јавно претпријатие за државни патишта платено завршени капитални инвестиции 215 отсто повеќе…“, рече Зоран Китанов, директор на ЈПДП.

Сепак, податоците на Министерството за финансии велат дека во првите четири месеци капиталните инвестиции се нешто под 10 отсто. Министерот Тевдовски не сакаше да каже во кои сектори се потфрлањата.

„Ние сме транспарентни ги имате нашите извештаји на веб сајт повелете, видете ги“, додава Тевдовски.

Инаку, денеска Министерството за финансии зема кредит од 26 милиони евра од Светската банка за подобро царинско поврзување со Албанија и со Србија. Со проектот се планира воведување на принципот „еден прозорец“ и потполна дигитализација што би требало да го забрза протокот на стоки кон овие две земји.

Горан Теменугов

Loading...

Shpërndaj me

Loading...