Се работи за вистинита приказна изградена во најголем дел врз основа на книгата “Into Thin Air”, која од прва рака ја опишува катастрофата на Монт Еверест од 1996 година, но исто така и од други книги за таа експедиција и секако интервјуа со преживеаните.

Се случува на 10 мај 1996, кога планинари од две експедиции се упатуваат кон Еверест, го освојуваат, но на своето враќање се судираат со една од најсуровите бури која целосно ги проголтува. Соочени се со најжестоките услови во кој мораат да ги издржат неверојатните ветришта и смрзнувачките температури, за да го преживеат симнувањето од врвот. По сè, очигледно е дека планинарите се неискусни, правејќи погрешни одлуки во сериозни и опасни услови, а токму тој наивен туристички порив и играњето со моќта на планината ќе ги чини глава. “Планината го има секогаш последниот збор” е една од репликите во филмот.

Loading...

Shpërndaj me