Покачувањето на минимална плата, субвенции за зголемување на плата од 600 до 6000 денари и низа други економски мерки ќе бидат реализирани доколку има политичка волја и тоа во услови на техничка Влада, тврдат надлежните институции. Собранието, по формирање на техничката влада, според Законот ќе работи непречено во носењето на закони.

„Согласно член 66 став 1 од Уставот на Р. Македонија, Собранието е во постојано заседание така да и во периодот на формирањето на техничка влада или т.н. пржинска Влада, собранието функциониара. Сметам дека и во тој период согласно Изборниот законик, член 15, во период помеѓу 60 и 90 дена  кога е распуштањето на Собранието, собранието работи во насока на одржување на кондицијата на државата“, рече Никола Мицевски – пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Дел од владините ветувања е покчување на минималната плата и субвенциите на плати од 600 до 6.000 денари. Од министертсвото за труд и социјална полиика одговорија најавените мерки ќе бидат исполнети.

„И двете законски решенија, законот за минимална плата и законот за субвенционирање на плати се очекува да стапат на сила во веќе најавениот рок“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Со ова ќе се добие покачување на минимална плата во декември оваа година, а субевенционирањето на платите ќе започне од следниот месец.

Мерката за субвенционирање на плински уреди и субвенционирање на купување автомобил се дел од ветените мерки од Министерството за економија. Отаму велат дека вградување на плински уреди утре ќе биде на владина седница, со што се очекува реализација на оваа мерка.

Но, за субвенциите за купување на автомобили, работната група се уште анализира кое ќе биде најповолно решение. Ветеното покачување на платите за 10 насто на просветните работници зависи од одлуката на синдикатот, велат од министерството за образование. За тоа дали ќе биде прифатена оваа понуда, од СОНК велат дека ќе одлучуваат во петок. Според нив, има доволно време за договор.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...