На три дена до истекот на мандатот на Специјалната обвинителка, судбината на преговорите за Законот за јавно обвинителство сè уште не се знае. Партиите се подготвени да ги продолжат преговорите, но сè уште не е закажана следната средба. Овие неизвесности се присутни и на вториот ден по неуспехот на средбата на лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

СДСМ, како партија што ги води преговорите во име на власта, нема став за заканите на опозицијата од редовите на Албанците да не го гласаат Законот, доколку остане исклучена од процесот на постигнување на договор.

ДУИ, од друга страна, оценува дека станува збор за проблем што во моментов се однесува само на двете партии, на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ и тие ќе се вклучат при финализирање на процесот.

Сè уште има разлики меѓу двете политички партии како СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, не можеме да бидеме дел од таа дебата. Како што се приближуваат ставовите, во конечниот чин, секако дека ќе бидеме дел од заклучокот на целата работа- рече Али Ахмети, претседател на ДУИ .

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги продолжија секојдневните судири околу Законот за јавно обвинителство, одвојувањето на надлежностите на обвинителствата по донесувањето на Законот и распределба на предметите. Според ВМРО ДПМНЕ, власта ретерира од ставовите за случајот „Рекет“, за кои дури тврдат дека имаат докази обезбедени од свиркачи, а кои се однесуваат на вмешани лица од власта. Од СДСМ велат дека поседувањето вакви докази и прислушувани материјали е незаконски и бараат одговорност.

Fatlume Dervishi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...