Прв случај на заболен од корона вирус денеска е регистриран во Македонија. Информацијата штотуку ја потврди министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција во владата, придружуван од техничкиот премиер, Оливер Спасовски и епидемиологот Жарко Караџовски.

Како што беше соопштено, станува збор за жена на возраст од 50 години, која што после подолг престој се вратила болна од Италија, а моментално е хоспитализирана на клиниката за инфективни болести.

Епидемиологот Караџовски посочи дека нема место за паника оти се работи само за еден пациент кој бил навремено сместен во изолација.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...