Стартот на судењето за „Рекет“ повторно ги спои Боки 13, Катица Јанева и Зоран Кичеец. Почетокот доцнеше, Боки од Шутка го донесоа со доцнење од 45 минути. Се пожали дека му е лошо. Дојде итна помош. Лекари го прегледаа и му ставија инјекција дијазепам. Судењето продолжи. Боки 13 се изјасни како невин, но и најави дека ќе ги открие сите помагачи во „Рекет“. Камерите во домот на неговите родители ќе покажеле каде завршиле парите земени од Орце Камчев. И Катица Јанева се изјасни за невина. Им порача да судиите да не се плашат од обвинителката Вилма Русковска која најави дека ќе го тресе судството од гаќи. Но, Зоран Милевски – Кичеец призна дека е виновен. Русковска очекувала и други да го сторат тоа.

„Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“. Имаше една госпоѓа Катица Јанева која влезе во тој филм, мислејќи дека никој ништо не и може, но влезе во мрежата на самонаречената естрадна ѕвезда Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството ќе докаже тоа го сторила од алчност и за тоа ќе презентираме несоборливи докази. Со тоа не се посрамоти само себеси и не ја злоупотреби само функцијата Специјалне јавен обвинител туку ја предаде довербата на народот“

Адвокатот на Боки 13 очекува фер постапка. Не ја коментираше одлуката на третообвинетиот Зоран Кичеец кој призна вина.

„Каде завршиле парите? Ние дека сме земале пари односно Бојан Јовановски. Ако тој знае нешто повеќе од мене веројатно ќе го слушнете неговиот исказ. Јас и во приговорот и во мојот воведен говор не велам дека во ниеден момент постојат пари. Како вие утврдувате постоење на пари врз база на исказ“

Адвокатите на Катица Јанева сметаат дека таа не сторила кривично дело, па тоа ќе го докажуваат преку доказите кои ги доставија денеска. Дополнително посочуваат дека Русковска ќе треба да докаже како Јанева земала 50 илјади евра.

„Товарот на докажувањето е секако на јавниот обвинител кој тврди дека нашиот клиент примила 50 илјади евра. Наше легитимно барање е да бараме тој обвинител даде докази на судот за тоа и да ги донесе тие пари во судница, да имаме едно вештачење дека се работи за пари, за каква количина на пари се работи или барем некој сведок да постои кој ќе потврди дека на Катица Јанева и се даваат пари“

„Како сведоци ги предлагаме, речиси сите поранешни обвинители на Специјалното јавно обвинителство, понатаму сведоците кои што ќе имаме право и ние директно да ги испрашуваме, претходно вработени во СЈО“

Адвокатот на Орце Камчев побара Боки 13 и Катица Јанева да ги вртат парите кои му ги земале. Кривичен ги поучи тоа да го напраават во посебна постапка.

„Јордан Камчев кој што е оштетен со ова кривично дело во текот на денешниот ден предјави имотно правно побарување во износ од 1,5 милиони евра против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева“

За утре Кривичен најави дека ќе ја соопшти пресудата за Зоран Кичеец. Му се заканува казна затвор од 1 до 10 години. Потоа судењето за „Рекет“ ќе продолжи во петок. Тогаш во судницата ќе треба да сведочи бизнисменот Орце Камчев кој ја пријави изнудата и неговата сопруга Ана која ги дала првите половина милион евра.

Bojan Stojanovski 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...