Проектите кои се планираат до година, а ќе се финансираат со пари од државната каса, ќе бидат доведени во прашање. Ставот на Сојузот на стопанските комори е дека се нереални прогнозите економијата во 2020 да порасне за 3,8 отсто. Стопанствениците, дополнително обвинуваат за нетранспарентност на владата во формирањето на Буџетот. Велат се подготвувал зад затворени врати и без да бидат информирани бизнисмените кои вработуваат околу 80 отсто од граѓаните кои ја полнат државната каса преку плаќање даноци.

„Нашите проекции за 2020 година се дека поради целокупната состојба која ја имаме тука нема да биде возможно да постигнеме раст поголем од 3,2 отсто. А тоа беше и максимумот кој беше предвиден за 2019 година, и се тоа втемелено во целокупната несигурност и нестабилност во Македонија се пренесува и директно влијае врз инвестициите кои нашите компании ги имаат планирано“, рече Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори.

Претседателката на ССК Данела Арсовска не е задоволна ниту од трите отсто, пари од буџетот кои се предвидени за поддршка на стопанството. Според неа, приватниот сектор очекувал повеќе од 109 милиони евра, но сега е битно и овие пари рационално да бидат распределени и реализирани. Арсовска вели не е само администрацијата важна за да се финансира со јавите финансии.

„Она на што имаме забелешка сега е тоа што е предвидено како директна поддршка на стопанството е незначително во однос на вкупниот Буџет, кој што е планиран за 2020 година, и уште поважно дека и овие три отсто би требало во целост да се реализираат. Покрај тоа што сумата не е голема“, додава Арсовска.

Заклучокот на бизнис здружението е дека со проектиран Буџет кој главно е наменет за плати и пензии не треба да се очекува ефикасна реализација на капиталните инвестиции на државата, поле на кое и годинава потфрли Владата. Инаку, Владата вчера го објави буџетот за идната година со кој се предвидува да се потрошат 3,9 милијарди евра.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...