Кинеската сонда „Чанге 4“ која на почетокот на јануари се спушти на Месечината, на темната страна регистрирала дека температурите преку ноќта се пониски од очекуваното, соопштија од кинеската вселенска агенција. Температурата во површината се симнала на – 190 степени, многу пониско од тоа што научниците го очекувале во текот на првата лунарна ноќ која ја помина сондата „Чанге 4“, која името го добила според божицата на Месечината од кинеската митологија. Температурите темната површина на ова небесно тело беа регистрирани од сондата откако таа стана активна во средата, откако претходно беше неактивна речиси две недели.

Loading...

Shpërndaj me