По инаугурацијата, Курти ја одржа првата средба на својата влада, обраќајќи им се на министрите со порака дека „очите на народот се вперени кон овој владин кабинет.“ Тој рече дека ова е единствена можност за секој министер да покажете умешност и посветеност.

„Фотелјите ги имаме, но убеден сум дека повеќе ќе стоиме на нозе поради многуте работи што чекаат на нас. Нашата владина програма е амбициозна исто како и очекувањата на граѓаните. Не се сомневам дека имаме способност, храброст и вештини да ги испорачаме резултатите што се бараат од нас. Очите на сите се кон овој владин кабинет, кај секој од вас. Би било добро за сите нас да ја запаметат нашата програма што произлегува од нашиот меѓусебен договор “.

Курти својата прва посета како премиер ја оствари во Преказ каде му оддаде почит на спомен-комплексот „Адем Јашари“. Оттаму Курти рече дека слободата и државата што ја уживаме денес се вкоренети во жртвување на народите херои, а пред сè во жртвата на семејството Јашари.

Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи ја почна работата со пречекот на првите гости односно американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет кој на социјалната мрежа Твитер го честиташе формирањето на владата и новите институции на Косово, истакнувајќи дека ќе продолжи соработката со институциите и цивилното општество за зајакнување на правдата и просперитетот, како и за помагање за градење на мирни односи со соседите.

Пратеникот на Белата Куќа за дијалогот помеѓу Косово и Србија, Ричар Гренел апелираше до новата влада на Косово да ја укине таксата кон увезените производи од Србија.

„Им дадовме јасно до знаење на сите лидери на партии (во Косово) дека укинувањето на таксата е во најдобриот интерес на Косово и економијата на оваа земја“, изјави тој во изјава Асошиејтид Прес.

Новиот премиер на Косово, Албин Курти изјави дека е спремен за продолжување на дијалогот со Србија и најави формирање на сеопфатен тим за овој процес. Курти исто така кажа дека е спремен да преземе взаемни трговски, економски и политички мерки кон Србија.

И високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел ја повтори обврската која ја имаат страните за дијалогот за нормализирање на односите помеѓу Косово и Србија, подвлекувајќи ја потребата за итно продолжување на овој процес. Во оваа насока, тој побара зајакнување на регионалната соработка и ангажман на Косово во регионалните иницијативи, кои според него, се во корист на Косово.

Alsat

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...