По барање на пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова, пратениците повторно се на еден час пауза. Александрова рече дека барањето го упатува за да се смиреле страстите откако претходно на говорницата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, разменија неколку реплики и обвинување со пратеникот Крсто Мукоски.

Во продолжението на денешната 135. седница, Милошоски од говорницата праша дали може да објави снимка која, како што рече, ќе покаже оти лицето З.З. е главата на случајот „Рекет“. Собранискиот спикер, Талат Џафери не го дозволи таквото барање, упатувајќи го пратеникот материјалите кои евентуално ги поседува да ги достави до соодветните институции.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...