Пратениците сакаат да ги ограничат банките колку ќе им наплаќаат провизии на граѓаните за дадените кредити. Иако Министерството за финансии ограничувањата ги планираше само за таканаречените брзи кредити, денеска пратениците побараа од министерсто Дрган Тевдовски ова да важи и за стамбените и за корпоративните кредити.

Пратениците побараа ограничувањата колку банките можат да заработат на сметка на граѓаните да важат и за кредити до 75.000 евра, а не само за првично предвидените до 200 евра. За ова ќе се борат со амандмани.

„Да аплицираш за кредит се плаќа, секоја трансакција во врска со исплатата на кредитит пак се плаќа провизија, дури се плаќа и казна ако и предвреме го исплатиш кредитит. Не треба да заборавиме дека овие провизии и надоместоци се многу високи, посебно на кредитните картички“, рече Панчо Минов од ГРОМ.

Измените на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити предвидува ограничување на трошоците за потрошувачките кредити во износ помал од 200 евра во денарска противвредност или таканаречени брзи кредити. Кај овие кредити ја нема заштитата што ја предвидува законот, а трошоците достигнуваа до 200 отсто од вкупниот износ на кредитит.

„Со оваа измена ќе се ограничат вкупните трошоци, провизии и надоместоции слично кои ги плаќаат граѓаните и се минимизира ризикот од понатамошно влошување на финансиската состојба на граѓните кои имаат проблем со исплаќање на кредити“, рече Драган Тевдовски, министер за финансии.

Со Предлог измените максималната висина на годишната стапка на вкупни трошоци може да биде најмногу 55%. Законот сега ќе се разгледува на комисиска расправа, каде се очекуваат и амандманите на пратениците со кои ќе се ограничат и заработките на банките за кредитите до 75.000 евра.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...