Практиканството ќе биде регулирано со закон. Владата подготвува решение со кое ќе бидат опфатени лица од 15 до 29 години. По завршувањето на образовниот процес, младите ќе имаат можност за пракса во компаниите. Во првите три месеци додека го учат занаетот ќе добиваат по пет илјади денари.

Доколку се покажат кај работодавачот во следните три месеци им е загарантирана минимална плата од 12 илјади денари. За овие шест месеци не е предвидено здравствено и пензиско осигурување, но ќе имаат предност за вработување во компанијата. Надлежните велат дека ваквиот Закон се носи за да се стави крај на злоупотребата на трудот на практикантите, но и за продуцирање на квалификуван и стручен кадар кој е неопходен за приватниот сектор.

„Со овој Закон имаме дополнителни законски членови кои што утврдуваат како се регулира, имаме ментор кој ќе биде на самото практиканско место, кој ќе има обврска да потпише за што тоа лице е квалификувано по завршувањето на практиканството. Дополнително, компаниите ги плаќаат лицата, ако компаниите издвојува финансиски средства таа вложува во одредено лице, или ќе го задржи или лицето ќе се подготви за друга компанија на пазарот на труд“, рече Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com