Се прибираат потребни известувања за о...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по првичното објавување на аудио с...
Прочитај повеќе...Затворските полицајци во Шутка ја изнесоа Катица Јанева од ќелијата каде беше во притвор. Таа од вечерва заминува во куќен притвор.
Апелациските судии и ја уважија жалбата и одлучија поранешната шефица на СЈО стартот на судењето за „Рекет“ да го чека во станот на синот во Скопје. Но Апелација дополнително на Јанева и одреди и мерки на претпазливост. Одземен и е пасошот – а од земјава не смее да излезе ниту со лична карта. Како причини, жалбата на Јанева да биде прифатена од апелациските судии е фактот што за судењето, таа може да се обезбеди и од дома а в предвид е земена и нејзината влошена здравствена состојба.
Од скопска Апелација за Алсат објаснуваат дека Јанева нема да смее да комуницира со останатите обвинети во „Рекет“, Боки 13 и Зоран Кичеец.
Јанева, бараше да ја напушти Шутка од Кривичниот суд, со гаранција од три стана во вредност од над 160 илјади евра. Но скопска единица не ја прифати гаранцијата и топката се префрли кај нивните колеги во Апелација.
Катица Јанева беше во притвор од 21 – ви август. По наредба на Вилма Рускоска беше уапсена како осомничена во „Рекет“. Помина речиси три месеци во Шутка и во притвор ја дочека веста дека е обвинета во „Рекет“.
Според обвинението, Јанева му ја олеснила положбата на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“ за перење пари. За тоа добила мебел од 5 илјади евра и 50 илјади евра во кеш.
Судењето за „Рекет“ започнува на 3 – ти идниот месец.
Бојан Стојановски
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по првичното објавување на аудио с...
Прочитај повеќе...Двојазична настава ќе се одржи во неколку паралелки во сите средни училишта во Град Скопје. Овој метод за инте...
Прочитај повеќе...Големите финансиски импликации, краткото време за спроведување и недостигот на потребен кадар на преведувачи ...
Прочитај повеќе...По 3 јануари премиерот Зоран Заев ќе биде само политичар. Извори од Владата посочуваат дека Заев ќе се повлече...
Прочитај повеќе...