По седум години Македонија учествува во финалната вечер на европскиот фестивал на песната Евросонг кој вечерва се одржува во Тел Авив, Израел. Тамара Тодевска со песната „Прауд“ ќе пее на финалето осма по ред. Во меѓувреме, на финалната вечер Албанија ја претставува Јонида Малиќи. Со песната „Врати се во земјата“, Малиќи ќе настапи втора. Шеесет и четвртото издание на Евровизијата ќе ја отвори претставничката на Малта, а последна ќе пее Мадона со своите хитови од 90 години. Се очекува финалето на Евровизија преку телевизиските екрани да го следат над 200 милиони луѓе од целиот свет.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...