Многу мал дел од банките како гаранција за инвестициски кредити за фирмите прифаќаат опрема или машини. Над 95 отсто од нив како обезбедување за овие кредити од фирмите бараат атрактивни недвижнини, алармираат бизнисмените.

Велат дека пристапот за свежи пари за инвестиции во зголемување на капацитетите во земјава се уште е многу тежок. Бараат од банките да се охрабрат и да ги олеснат условите за давање на корпоративни кредити. Ако банките повеќе ги насочат своите средства кон бизнисот, може да се постигне поголем раст на економијата.

„Општо познат факт е дека пристапот до кредитни средства во Македонија е на многу лошо ниво. На пример денеска доколку сакате да купите некоја машина или опрема 95 отсто од банките нема да ви ја прифатат машината како колатерала, туку ќе ви бараат стан или друга недвижнина, атрактивна во градот за да може да гарантирате за да купите машина. Е нели е логично тоа, сите имаме по еден стан. Ако сакаме да купиме 100 машини, не можеме да имаме 100 стана. Малку треба да се охрабрат и банките да размислувата пазарно, бизнис – ориентет, да ги насочат нивните проекции заедно со нашите и партнерски да работиме“, рече Трајан Ангеловски, Сојуз на стопански комори.

Според последните податоци на Народната банка, лани е забележан раст од 4,5 осто кај корпоративните кредити, додека само во декември лани е остварен месечен раст од 4,1 насто. Најголем дел од кредитите кои биле одобрени лани биле во денари. Минатата недела Народната банка ја намали основната каматна стапка која сега е 2,25 отсто, а која е основа за пресметување на каматите на кредитите и депозитите. Според економистите, тоа е сигнал за поголема кредитна активност и поттикнување на бизнисот и инвестирање.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...