По амандманско барање на опозицијата мандатот на директорот на Агенцијата за национална безбедност ќе биде само четири, а не пет години, како што предвидува предлог-законот. Амандманот беше прифатен во Комисијата за одбрана каде беше разгледан Законот за формирање на оваа агенција, институција која ќе ја замени Управата за безбедност и контраразузнавање. Освен тоа, МВР како предлагач на законот, прифати и да се намалат некои критериуми за именување на директорот.

Во Комисија имаше дебата и за искористувањето на можноста за надзор од соработниците на Агенцијата и можноста овој назив да се злоупотребува за обезбедување и аудио-материјали и фотографии од лицето или таргет-групата која ќе биде предмет на следење. Министерот Спасовски објасни дека „надзорот“ во овој случај не подразбира обезбедување на материјали кои се документираат.

Дебатата во Комисија за одбрана ќе продолжи до разгледувањето на сите 91 амандман предложени од пратениците. Агенцијата за национална безбедност треба да почне со работа во јуни и се очекува да биде важен дел од извештајот за напредок во делот на реформи во безбедносните служби.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...