Во Лондон денеска започна состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефови на држави или на влади на земјите членки на НАТО, меѓу кои и премиерот Зоран Заев.

Заев ја предводи владината делегација што присуствува на собирот во Лондон, во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Како што соопшти владината Прес-служба, со учеството на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО, нашата земја се претставува на највисоко ниво во работата на телата на Алијансата и ја потврдува определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќната воена и политичка алијанса заснована на демократски вредности, како основа за заеднички просперитет и за напредок на земјите членки.

Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата досега го ратификуваа 28 членки на НАТО, а преостанува тоа да го стори уште Шпанија.

– Скорешното полноправно членство во НАТО е реализација на стратешката цел на нашата земја зацртана со консензус во 1993 година и овозможува идеални услови за зајакнат и забрзан економски развој, се додава во соопштението.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...