На територијата на скопската Општина Бутел денеска започна есенската дератизација, во чии рамки со по два мамци ќе бидат дератизирани 1.200 шахти.
Како што соопшти Општината, во текот на денешниот ден е извршена дератизација во Љубанци и во населбата и во селото Радишани, додека утре со акцијата ќе бидат опфатени населбите Расадник, Бутел 1 и 2, Скопје Север и Визбегово.

– Правецот на дератизација е од север кон југ, заради поголема ефикасност во уништувањето на глодарите. Дератизацијата ја извршува Центарот за јавно здравје – Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел, се наведува во соопштението.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...