Роаминг цените одат во историјата. Земјите од Западен Балкан потпишаа договор за целосно укинување на роамингот. На вториот дигитален самит во Белград денеска параф на договорот ставија претставници на владите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Од ова лето цените на телефонските разговори и интернет услуги на граѓаните од Македонија во земјите од Западен Балкан првично ќе бидат намалени, а планот е до средината на 2021 година да бидат целосно укинати. Ќе се тарифираат по стандардните цени кои се користат во матичната држава.

„Овој договор беше и предуслов и за отпочнување на постапка за укинување на роамингот кон Европската Унија. Што значи дека многу брзо откако целосно ќе се укине роамингот помеѓу нас, земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од Европската Унија“, рече Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...