Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот за малопродажба на „Макпетрол“  Зоран Доневски денеска го потпишаа долгоочекуваниот договор за зелената нафта. Сепак земјоделците ќе треба да почекаат уште најмногу два месеци додека нафтената компанија која го доби бизнисот на тендер ги изработи картичките кои им се потребни за точење на субвенцираното гориво.

Со оваа мерка се субвенционираат 30 отсто од трошоците за набавка на нафта а овој процент може да се зголеми до 50 насто. Предвидено е 55.000 земјоделци да добијат персонализирани картички и со нив, на сите бензински пумпи на „Макпетрол“, кои на број се 120 низ државата, да купуваат исклучиво „ЕУРОДИЗЕЛ“ за земјоделска механизација. Картичките ќе бидат со различен вредносен износ, од 500 до 100.000 денари, зависно од големината на пријавената површина и видот на културите.

„Со картичката не може да се подигаат готовински средства, или да се купуваат други било какви производи од бензинските станици. Картичката заедно со пинот или кодот кој е таен, упатството за користење и решението за одобрената финансиска поддршка може да се подигнуваат во подрачните единици на министерството за земјоделство“, рече Николче Бабовски, директор на Платежна агенција.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...