Од 70 барања за набавка на приплоден добиток, денеска во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството се потпишаа договори со седум сточари. Годинава во буџетот за оваа намена се предвидени 151 милиони денари, а вкупната финансиска поддршка само за денешните седум договори изнесува околу 22 милиони денари.

Апликантите кои ги исполниле условите и ќе бидат поддржани преку оваа мерка ќе може да добијат поврат од 50 до 75% од вкупната инвестиција. Со парите од оваа мерка, апликантите ќе можат да набавуваат педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.

„Само со  денешниве 7 договори апликантите ќе набават околу 500 грла на добиток и тоа јуници Холштајн и Симентал, како и а јуници Ангус од кој се добива квалитетно месо,  овци Асаф,  и други раси на добиток кои значително ќе го подобрат и квалитетот на домашното производство на млеко, но и ќе се окрупни домашниот сточен фонд“, рече Никола Бабовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...