Претставниците на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на седницата за Косово изнесоа различни ставови за решавањето на косовското прашање и за потребата за продолжување на мандатот на УНМИК. Додека дипломатите на САД и Британија ги повикаа Приштина и Белград да ги отстранат пречките за продолжување на дијалогот со цел нормализација на односите, претставниците на Русија и на Кина повторија дека решението треба да се бара во резолуцијата на Советот за безбедност 1244 од 10 јуни 1999 година. Американскиот дипломат оцени дека целите на оваа резолуција се остварени и оти УНМИК треба да се укине или реформира.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...