Од 1 јануари 2020 година, вработените во образованието ќе добијат поголеми плати од 10 отсто. Ова е договорот при последниот круг преговори помеѓу Министерството за образование и СОНК.

„Мислам дека вака, со оваа владина одлука, одлуката на МОН, со целосно партнерство со претставници на СОНК, даваме сериозен придонес во враќање на достоинството на професијата наставник, враќање на достоинството на професијата професор и верувам дека оваа одлука ќе значи сатисфакција за сите кои работат во дејноста образование“.

Сумата од 10 отсто, СОНК ја оценува како нов почеток на преговорите за другите точки во образованието. Лидерот на синдикатот Јаким Неделков рече дека денешната одлука не треба да се прифати со еуфорија, туку  Синдикатот да изврши притиоск за спроведување на другите барања.

Прашан дали во блиска иднина повторно ќе се отвори прашањето за покачување на платите, Адеми изјави:

„Дали сакате искрен одговор? Следните два – три месеци не би посакал ова прашање да го начнеме бидејќи сметам дека за оваа тема сме потрошиле многу енергија, но и резултати има“.

Платите со покачување од 10% од 1 јануари буџетот ќе го чини дополнителни 1,4 милијарди денари.

Melihate Rustemi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...