Кога некој си заминува од овој свет, луѓето кои остануваат по него, како по некое непишано правило, секогаш се сеќаваат на последните негови зборови.

Ако пак станува збор за познати личности, во тој случај интересот е уште поголем.

Во продолжение, прочитајте кои се последните зборови на некои од најпознатите личности во светот.

Коко Шанел

Коко Шанел, најпознатата француска дизајнерка која светот и толку години по нејзината смрт, сè уште ја обожава, изјавила вака:

„Ова е вистински начин да се умре“.

Зигмунд Фројд

Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, не можејќи да се воздржи од уште една анализа рекол: „Ова е апсурдно! Ова е апсурдно!“

Џон Вејн

Актерот Џон Вејн, кој бил познат по неговите добри манири и убаво однесување, овој свет го напуштил како херој и маж кој секој би го посакал до себе. Се свртел кон својата сопруга во кревет и ѝ рекол: „Да знаеш дека јас знам која си ти навистина. Ти си мојата девојка. Те сакам.“

Волт Дизни

Волт Дизни починал со доза мистерија. Бил болен од рак на грло, а последните зборови од него биле напишани на лист хартија каде стоело името „Курт Расел“. Ова во 2007 година го потврди самиот актер во шоуто на Џими Кимел.

Чарли Чаплин

Чарли Чаплин, во негов стил, кажал шега. Свештеникот рекол „Господ нека се смилува на твојата душа“, на што тој одговорил, „Зошто да не, после сè таа му припаѓа нему, така?“.

Елвис Присли

Кралот на рокенролот починал во својот дом, Грејсленд, многу неславно за жал. Рекол дека ќе оди во тоалетот да чита, каде всушност и ги доживеал последните моменти од животот.

Витни Хјустон

Витни Хјустон почна во февруари 2012 година. Таа беше една од најдобрите пејачки на сите времиња. Нејзините последни зборови биле: „Ќе го видам Исус, сакам да го видам Исус.“

Боб Хоуп

Пејачот, комичар, актер и шармер дури на својата смртна постела. Неговата сопруга го прашала: „Каде сакаш да бидеш погребан?“ На ова, 100-годишниот Хоуп, рекол: „Изненади ме.“

Loading...

Shpërndaj me

Loading...