Ниту на  последниот ден на Комисиската расправа за буџетот за 2020та години ништо посебно не се менува. Полупразна собраниска сала и препукување помеѓу власта и опозицијата. Опозицијата предлага да се реализираат инфраструктурни проекти кои не се најдоа во програмата на владата за следната година.

Но, власта со нивни образложенија ги одби амандманите и дава друг предлог, како би се реализирало нивното барање. Расправата за буџетот, на 16 декември се сели на пленарна седница.

„Со амандманот предлагаме да се обезбедат средства во висина од 20 милиони денари дополнителни за работата на Комисијата за спречување на корупцијата и судир на интереси. Цениме дека постои можност да се направи преместување на некои средства за да бидат наменети за Антикорупциска“, рече Антонио Милошоски ВМРО-ДПМНЕ.

„Амандманот вака предложен со 20 милиони денари не се прифаќа, туку видоизменет го предложуваме како Министерство за финансии се прифаќа во износ од 10 милиони денари“, рече Ширет Елези, заменик министерка за финансии.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...