Се зголемува цената на автобуските билети во градскиот превоз. Компаниите се правдаат дека поскапувањето се должи на растот на цената на нафтените деривати. Реакцијата на дел од граѓаните е дека со зголемувањето на цените на билетите, повеќе ќе им се исплати да патуваат со автомобили, отколку со автобус.

Еколошките организации, велат дека со зголемувањето на загадувањето на воздухот, граѓаните треба да се стимулираат да користат јавен превоз, а не да се одвраќаат со зголемување на цените.

„Во текот на зимата кога загадувањето се зголемува Владата треба да се погрижи трошоците за јавен превоз да не се зголемуваат, бидејќи со тоа не ги охрабрува граѓаните да користат јавен превоз. Најголемиот дел од автомобилите во Македонија се стари и не ги исполнуваат еколошките стандарди, па затоа Владата треба да биде многу внимателна со зголемувањето на цените на билетите во јавниот превоз. Владата треба да размисли за субвенционирање на јавниот превоз за да ги задржи трошоците на исто ниво“, велат од Еко Герила – Еколошка организација.

Владата пак, нема конкретни мерки против растот на цените на автобуските билети.

За да патувате со автобус од Гостивар до Скопје во двата правци потребни се најмалку 500 денари. Што значи дека едно лице од помалите градови кое работи во Скопје, ќе мора да даде речиси половина од својата плата само за патни трошоци.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me



Loading...