Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на дериватите. Стапуваат во сила од ноќеска на полноќ. Според новиот ценовник, бензинот „Супер-95“ поскапува за еден денар и ќе се продава по цена од 62 денари за литар. Половина денар поскапува „98-цата“ и литарот ќе се точи за 63,5 денари. Дизелот пак, поскапува за 1,5 денари и ќе чини 60 денари за литар.

Loading...

Shpërndaj me