Компанијата Макпетрол на својата интернет страна објави дека од ноќеска на полноќ, горивата на нивните бензински пумпи ќе се продаваат по нови цени. бензиниот „Супер 95„ и „Супер 100“, поскапуваат за еден денар, а дизелот ќе се продава поскапо за два денара.

Според објавата на Макпетрол:

„Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност за новите малопродажните цени на одделни нафтени деривати кои ќе важат на бензинските станици на „Макпетрол“ АД Скопје, а ќе се применуваат од 00:01 часот на 21.5.2019 година  и тоа: 

–           Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
–           Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
–           Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
–           Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
–           Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...