Температурата што во термометарот покажува 35 степени е првото предупредување за ризик од ширење на пожари, велат од Управата за Заштита и Спасување од каде веќе еден месец се во состојба на подготвеност за евентуална природна катастрофа. Како што наведуваат од оваа институција, на автопатите каде што има автомобилски колони се поставени алатки за противпожарна заштита и брза помош, додека преку меѓународни обуки и курсеви тие се обидуваат да привлечат кадар за оваа активност што во последниве години се чини дека не привлекува доволно интерес кај младите.

Подготвени се и од Центарот за управување со кризи, додека од УХМР велат дека топлиот бран ќе продолжи да не придружува цела недела, додавајќи дека температурите во земјава ќе достигнат до 38 целзиусови степени.

Институтот за јавно здравје дури препорачува од 10 до 17 часот, граѓаните да избегнуваат физичка активност, вклучувајќи ги и спортските и рекреативните активности, да консумираат повеќе течности и лесна храна и да се останат во затворени простори на температура од 23 до 25 степени.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me